Embed Lab. насловна » Web дизајн
 
    Нудиме комплетни web решенија со кои ги развиваме и промовираме бизнисите на нашите клиенти.  Во наши услуги спаѓаат комплетен дизајн на веб страница, нејзино регистрирање, хостирање, одржување и промена на содржини. Покрај тоа по барање на клиентите постојат опции за поактивна администрација, on-line сервиси, истражувања, менаџирање со бази на податоци и електронско тргување.

Изработката на веб страна е есенцијален фактор за промоција на било кој бизнис во денешницата. Пакувањето (изгледот) е тоа што продава, но и покрај импресивниот дизајн кој го изработува нашиот тим, ние би додале на оваа позната изрека дека и ефикасност и функционалноста се потребни за подобра продажба. Изработуваме веб страници со најразличен степен на анимација, динамични и статични, html, flash, php, asp, jsp и т.н. Меѓутоа нивната  функционалност , квалитет на содржините и ефикасноста во администрацијата се наши приоритети покрај добриот изглед.

 
  Проценката која веб страна е најсоодветна за вашите потреби е доста сложена задача. Секој бизнис им потреба од различен пристап затоа што има поинаков производ, но и целна група. Доколку сакате да знаете кој тип на интернет маркетинг и веб страна е најсоодветен за вашиот бизнис, симнете го следниот прашалник, пополнете го и испратете го на нашиот тим за да дознаете што нудиме и колкава е цената за изработка. Советот е секогаш бесплатен. >> Download

Исто така можете да сименте каталог од вкупната понуда на услуги за веб дизајн и уште неколку други понуди. >> Download

 
     

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Хостинг
 
Стартер
1500 1200 Ден.
Интерактив
2500 2200 Ден.
Бизнис
5000 4300 Ден.

- 100 Mb web space
- 3Gb Month traffic
- 10 email адреси
- FTP пристап
- PHP/MySQL
- CPanel администрација
- Fantastico

 

- 500 Mb web space
- 15Gb Month traffic
- 20 email адреси
- FTP пристап
- PHP/MySQL
- CPanel администрација
- Fantastico
- 1000 Mb web space
- 40Gb Month traffic
- неограничен број email адреси
- FTP пристап
- PHP/MySQL
- CPanel администрација
- Fantastico
Бренд
(домејн + хостинг)

1200 1000 Ден.
Хостинг + Веб – ЈАС
(цена само за првата година)
6100 5000 Ден.
Избор
(избери по сопствен вкус)
ХХХХ Ден.
- Домејн (firma.com)
- .com, .org, .net, .info ...
- .com.mk, .mk, .org.mk ...
- 1 HTML страна
- онлајн контакт форма
- за email адреса пр.(info@firma.com) се доплаќа 1000 Денари плус годишно.

- Домејн
- блог, форум и подесувања
- Стартер пакет хостинг
- Секоја наредна година по цена на Стартер пакет

- ХХХХ Mb web space
- ХХGb Month traffic
- неограничен број email адреси
- FTP пристап
- PHP/MySQL
- CPanel администрација
- Fantastico

Сте размислувале, но нe сте сигурни дали сега да креирате веб страна за вашиот бизнис. Сакате квалитетна веб презентација, но вашите буџетски планови се поинакви за овој период. А можеби и воопшто не сте заинтересирани. Одлуката е секогаш ваша, но паметните компании без разлика на своите капацитети за маркетинг, најпрво ги заштитуваат сопствените брендови, а потоа и ги развиваат. Така паметните компании стануваат и успешни!
Заштитете го вашиот бренд СЕГА! Регистрирајте се!

За минимална цена, вашето име на интернет ќе биде резервирано и заштитено со интернет адреса (домејн) за Македонија или меѓународно. Добивате и можност да ги објавите вашите лого и контакт детали. Сега сте заштитени и можете да ја создадете вашата веб страна кога сакате и како сакате.

Дали сте размислиле на колку веб заедници членувате и колку програми за комуникација користите? My space, Facebook, Hi5, Prijateli, Blog, Skype, MSN, Yahoo… Што воопшто вас ве прави посебни и оригинални во целиот тој океан на шаблонски идентитети? НИШТО!

Сега имате можност за минимална цена да поседувате сопствена веб страна на која ја имате целосната слобода да пишувате што сакате, да ставате слики, аудио и видео по ваш избор и да имате уникатен дизајн. Останатите се само дел од толпата. Дозволете си максимална слобода на креативното изразување. На вашата веб страна, вие сте газда!  Доколку вашата веб страна стане популарна, имате можност и да заработите пари, контактирајте не и откријте како.
 
 
      © Embed Lab. 2007 - Сите права се задржани