Embed Lab. насловна » Издаваштво
 
     
     

 

 

 

 

 
  Embed Lab. врши електронско издаваштво на литература, софтвер мултимедијални дискови, веб содржини и дигитализирана визуелна и аудио уметност. Покрај самото официјално застапување и процесирање низ соодветните институции за издавање, ние помагаме околу самата подготовка за издавање на ваков тип на материјали, без разлика дали тоа е графички дизајн, лектура, превод, едитирање, аудио-видео продукција, програмирање, хостирање, адаптација на постоечки платформи и т.н. Од кога ќе издадеме одреден материјал на наш клиент, понатамошно вршиме услуги за промоција на истиот во електронските и печатени медиуми.  
  Во областа на печатеното издаваштво (книги, списанија, брошури и сл.) вршиме подготовка и дизајн во целост со професионален софтвер и искусен кадар за таа намена. За издавање на материјали обезбедуваме ЦИП и ИСБН код за регистрирање на истите во националната библиотека на РМ. По барање на клиентите вршиме лектура во соработка со професионалци за таа намена, дополнително обезбедуваме печатење, дистрибуција и промоција во медиумите. За оваа намена Embed Lab. соработува со издавачкиот центар Spectacle.

 
      © Embed Lab. 2007 - Сите права се задржани