Embed Lab. насловна » Мултимедиа
 
    Доколку на нашите клиенти им е потребна мултимедијална подршка, нашиот тим во себе интегрира искусни професионалци за аудио-видео продукција и графички дизајн. Изработуваме комплетни реклами: ТВ спотови, печатени рекламни материјали (билборди, флаери, брошури и сл.), аудио реклами (за радио), смс рекламирање и разни видови на реклама на интернет (анимации, статичен текс, видео и сл.).

 
  Особено популарен начин за да се привлечат клиенти, но пред се да се импресионираат партнерите е да се разменуваат мултимедијални дискови или електронски бизнис карти.  Мултимедијалното ЦД содржи мини веб страна која е повеќе базирана на анимација и е многу попривлечна за лицата на кои ќе ја дадете на рака и претставува сигурен начин да покажете кои сте и што работи вашиот бизнис. Електронската бизнис карта има помала содржина (само најзначајните контакт детали и кратка информација за бизнисот), во себе има оптимално анимирани ефекти и слики и е практична алатка за докажување на вашиот успех, совремeност и деловност во работењето со бизнис партнери, а особено со странските.

 
     

 

 
 
Изглед на Електронска бизнис карта:

 
  Во областа на мултимедијалната продукција Embed Lab  изработува комплетна аудио продукција за музика, музички спотови и ремастеринг на постоечки дела. Соработуваме со продукциски студија кои се докажани во оваа област и користиме најсовремена технологија за професионална аудио продукција.

 
      © Embed Lab. 2007 - Сите права се задржани